еМагазин
Image default
Локално

Отворена средба на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со граѓанскиот сектор и локалните институции во Гостивар

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) продолжува со остварување  отворени средби со претставниците на граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво.

Утре (6 јули 2023 година) можност за дискусија, како и мапирање на потенцијални системски проблеми со дискриминација ќе имаат граѓаните и активистите од граѓанските организации и претставниците на институциите во Општина Гостивар и неговата околина.

„На наше големо задоволство, расте довербата на Комисијата кај граѓаните, што се забележува и преку зголемениот број претставки кои граѓаните ги поднесуваат за заштита од дискриминација. Тоа за нас претставува голема одговорност, но и дополнителна мотивација за натамошно ангажирање во насока на промовирање на еднаквоста, унапредување на човековите права и спречување и заштита од секаков вид дискриминација во нашата земја.

Се трудиме и успеваме на сите претставки да одговориме во разумен рок и навистина ни е многу драго што јавноста тоа го препознава. Целта на овие средби е дополнително да ја  унапредиме комуникацијата со граѓанскиот сектор и претставниците на локалната самоуправа околу нашите надлежности, начинот на кој постапуваме и одлучуваме и нивната улога во целиот тој процес, затоа што препознавањето и искоренувањето на сите облици на дискриминација е заедничка должност и обврска“, истакнуваат од КСЗД.

Овие средби се дел од активностите кои Комисијата ги презема во насока на приближување на својата работа до граѓаните, како и за зголемување на транспарентноста во својата работа.

Дополнително, отворените денови претставуваат и можност за продлабочување на соработката со граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво за подигнување на степенот на препознавање на дискриминацијата, како и во ефективната борба против неа.

Отворените средби  со претставниците на граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво започнаа минатиот месец во Крива Паланка, на која членот на Комисијата, Ирфан Деари имаше плодна дискусија.

Средбите ќе продолжат на 13 јули во Општина Гевгелија, а до крајот на оваа година предвидени се и отворени средби во дополнителни шест градови низ државата. Овие активности се реализираат со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Инаку, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, покрај заштитната улога и постапување по претставки од граѓаните, како и по службена должност, има и превентивна улога која ја спроведува со едукација и соработка со граѓански организации, државни институции и институции на локално ниво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за гостиварец кој ја игнорирал забраната за градба на колективна зграда

Редакција

(Видео+фото) Кратко невреме предизвика штети во Скопје, Кратово, Пробиштип, Кочани и Виница

Редакција

Детали од МВР: Се степале, бегале со „мерцедес“ и завршиле со судар со полициско возило

Редакција