еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Отворени три постапки за вонбрачните партнери по убиството во Кавадарци

Три постапки се во тек за вонбрачните партнери Е.Р.  и Р. П., откако 45-годишен кавадарчанец доби 30-дневен притвор за убиство на 59-годишен сограѓанин, потврди за МИА Министерството за труд и социјална политика.

За случајот во јавноста излегоа информации дека во расправијата се вклучени повеќе луѓе, а причината била старателство врз дете од вонбрачна заедница.

Отворените постапки во Центарот за социјална работа во Кавадарци се за доверување на малолетното дете П. М., родено во вонбрачна заедница, за уредување на личните односи и непосредните контакти на детето со таткото П. Р., како и за постапка за семејно насилство.

-Центарот за социјални работи согласно своите законски надлежности постапувал по добиените барања и согласно законските прописи, земајки го предвид најдобриот интерес на детето донел соодветно законско решение.

Поради непочитување на донесеното законско решение, центарот применува други методи и техники за надминување на настанатата ситуација.

Во однос на семејното насилство, во времето на негово случување, согласно Законот за заштита и превенција од семејно насилство, од страна на стручниот тим примени се сите законски процедури за заштита на мајката и детето, стои во писмениот одговор од Министерството.

Претходно, од Центарот за социјални работи информираа за МИА дека ја контактирале мајката на детето Е.Р., која ги известила дека по сознанието за настанот што се случил, уште истата вечер, заедно со малолетното дете ја напуштила територијата на општина Кавадарци и се наоѓа на друга територија каде се чувствувала безбедно.

-ЦСР Кавадараци ќе преземе мерки согласно Законот за семејството кои се во интерес на правата на детето, стоеше во претходниот одговор за МИА доставен од Министерството за труд и социјална политика.

Според МВР, завчера околу 04:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица го лишија од слобода Х.С.(45) од Кавадарци.

Тој се сомничи дека претходно околу 23.30 часот, при физичка пресметка меѓу повеќе лица на  улицата „Методија Џунов“ во „Брушанско Маало“, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П. (59) од Кавадарци кој подоцна починал во болницата во Кавадарци.

Во врска со настанот во Полициската станица досега е извршен разговор со С.А.(37),  А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајката со детето го напушти Кавадарци: Тепачката во која беше убиен маж била поради старателство врз дете од вонбрачна заедница

Триесет дена притвор за осоминичениот за убиството во Кавадарци

Детали од Обвинителството за групната тепачка во Кавадарци во која е убиен маж

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катица Јанева оди во домашен притвор

Редакција

Агенцијата за цивилно воздухопловство вработува службеник, плата е 83.200 денари

Редакција

„Тодоровски консалтинг“ го доби тендерот на МВР за набавка на делови од униформа за специјалната полиција вреден 585.000 евра

Редакција