еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Отворено првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини за деца во социјален ризик

Здружението „Проект Среќа“, месецот на детето- ноември, го започна со долгоочекуваниот проект- Прво бесплатно училиште за музика, уметности и вештини „Гитари дирки и свирки“.

Целта е да се создадат што повеќе услуги, со кои значително ќе се подобри квалитетот на живеење за децата со помалку можности ( во кои спаѓаат сите категории „социјален ризик“) , но и да им се дадат услови за подобра едукација, неформално образование и пристап до културни ативности, вештини, и се она кое нив ќе ги направи во иднина конкурентен и квалитетен дел од ова општество.

Во новите интеркативни простории на здружението ќе се одржуваат и часовите по драма на детското драмско студио „Неверленд“ за деца со помалку можности, но и останати активности за децата.

Пријавувањето на дечињата е во тек, уписите се отворени за деца од 6 до 14 години, а предност имаат оние кои се во најтешка категорија социјален ризик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АПЕКС Македонија со донација на средства за дезинфекција во вредност од 20.000 евра на Инфективна клиника

Редакција

Нови медали и признанија за вината на „Тиквеш“ на регионално и светско ниво

Редакција

Душан Марковиќ, корпоративниот маркетинг директор на Гемак Скопје добитник на престижното признание PRO PR Globe Awards

Редакција