Моника Ризовска од Ways2Help Community Ways2Help упати апел за донации за облека за момче од шесто одделение, како и донација на компјутер која најверојатно е обезбедена.
„Јован живее со својот татко кој собира пластични шишиња за да преживеат. За жал Јован имал неуспешна операција на колковите и криви и се чека да се каже за нова операција. И покрај неговата ситуација ова дете е толку позитивно и желно да учи и еден ден сум сигурна дека ќе биде пример за сите,“ вели во апелот Ризовска.
Кој сака да помогне, Јован со татко му живее во населбата Керамидница, а за подетални информации исконтактирајте ја Моника Ризовска на нејзиниот Фејсбук-профил.
Фото: Фејсбук/Ризовска
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.