Владата денеска на седница го прифати предлогот на министерот за правда и за в.д. директор на Управата за извршување санкции го именуваше Јовица Стојановиќ до изборот на нов директор.
Како што соопшти владината прес-служба, Владата на 120-тата седница го прифати и предлогот на министерот за правда да се распише јавен оглас за именување нов директор на Управата за извршување на санкции, како што е образложено, согласно член 27, став (2) од Законот за извршување санкции.
Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции откако вчера Владата го разреши од должноста досегашниот директор Марјан Спасовски по бегството на осуденикот Беким Мемети од затворот „Идризово“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради бегството на Мемети разрешен директорот на Управа за извршување на санкциите Марјан Спасовски
Фото: Влада