Просто е неверојатно дека во 21 век, членка на Европската Унија, секојдневно, веќе со години да малтретира и понижува соседна земја, затоа што едната е во Унијата, а другата не е.
И истата Унија, која самата себе се промовира како најголем борец за човекови права, демек многу загрижена, да го дозволува тоа.
Кој ли веќе не од таа Унија без срам и без перде не кажа дека сме ги исполниле условите за старт на преговори и пак ништо.
И згора на се, непријателски настроениот сосед, уште бара да се формирале некакви групи да сме запознавале и да сме засакале. Ко да не знаеме кои се Бугарите. Не не малтретираат од сега, децении се во прашање.
Како да засакаш некој кој секој ден ти вика ти не постоиш, и секој ден те провоцира, а во време кога демек ќе сме добиле датум за датум уште да ти каже дека ти не си ги исполнил условите, ама Албанија ги исполнила.
Па не треба да влеземе во Бугарија, нели аплициравме за членство во Европската Унија. Бугарија треба да се запраша за нејзино добро дали по толку години како членка на Унијата, ги исполнила условите.
Неверојатно е и дека не само политичарите, туку и на бугарските граѓани им е поважно да признаме нешто што не сме, отколку нивниот сосед (што ќе биде добро и за нив) да стартува преговори за членство во Унијата.
Значи не зборуваме за влез во Унијата, туку за старт на преговори, кои од денешна гледна точка и да ги почнеме не е познато дали некогаш ќе ги завршиме.
Да, било одлично Македонија да стане дел од Унијата, тоа и најголемиот број на граѓани и го посакуваат, и покрај тоа што нивниот број константно се намалува.
Но, зошто би влегле во некое друштво кое подржува малтретирање на други на сите можни нивоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ветото останува, Бугарија сака да ја одвои Македонија од Албанија на патот кон ЕУ