еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

По најавата за ново вето од Бугарија: САД не подржуваат одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Клучно е Европската Унија да се придржува до нејзините заложби, а тоа значи да ги отвори пристапните преговори и со Северна Македонија и со Албанија, без одложување, изјави за Гласот на Америка портпарол на Стејт департментот, на прашањето дали САД поддржуваат одвојување на Албанија и Македонија на европскиот пат, по најавите на бугарската Влада оти е подготвена да даде зелено светло за Албанија, а не и за Македонија.

„И Албанија и Северна Македонија донесоа тешки, суштински реформи, и двете заслужуваат да напредуваат на нивниот пристапен пат кон ЕУ“, рече портапролот на Стејт департментот.

Гласот на Америка праша и дали САД планираат да воведат санкции кон Бугарија доколу ја задржи истата позиција и на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ на 14 декември во Брисел.

„Охрабруваме решение на ќорсокакот што е можно побрзо за да се поттикне напредок на потребните реформи и економски развој на регионот на Западен Балкан. САД остануваат одблизу ангажирани со нашите европски партнери во однос на ова прашање“, се вели во изјавата од Стејт департментот.

Оттаму додаваат дека „процесот на проширување на ЕУ промовира мир, стабилност, демократија и просперитет во регионот, и непотребни одложувања го обесхрабруваат целиот регион“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ветото останува, Бугарија сака да ја одвои Македонија од Албанија на патот кон ЕУ

И привремениот бугарски премиер Јанев го потврди новото вето од Бугарија

За над 70% од Бугарите поважно е решавање на односите Скопје-Софија од зачленувањето на Македонија во ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје 208 лица заболени со коронавирусот, како изгледа мапата по скопските општини

Редакција

(Видео) Опасна по живот беше промоцијата на книгата на македонските јутјубери: Дете се онесвести, а родителите доживеаја нервен слом

Силвана Жежова

735 милиони лица во светот гладуваат

Редакција