Вкупните депозити во април, се непроменети во споредба со претходниот месец, при намалување на депозитите на корпоративниот сектoр, а истовремен раст на депозитите на секторот „домаќинства”, соопшти Народната банка.
„На годишна основа, вкупните депозити бележат зголемување за 6,3%, при раст на депозитите кај двата сектора, поизразен кај секторот „домаќинства“ (учество во растот од 83,0%)“, информиаа од банката.
Кај вкупните кредити, во април, е остварен месечен раст од 0,2%, којшто при пад на кредитирањето на „домаќинствата“, во целост е резултат на повисокото кредитирање на корпоративниот сектор.
„Анализирано на годишна основа, растот на кредитите изнесува 5,5% и е под влијание на зголеменото кредитирање на банките на двата сектора, со повисок придонес на секторот „домаќинства“.
Доколку се земе предвид ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени6 според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити во април е забележан раст од 6,9% на годишно ниво“, соопшти Народната банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова Уредба: Договорните услови на кредитите ќе се менуваат 90 дена по вонредната состојба
Банките наплаќаат просечна камата од 4,89% на кредитите, а даваат 1,11% за штедните влогови