еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пад на претплатниците на мобилна телефонија кај „А1 Македонија“, пораст кај „Македонски Телеком“

Агенцијата за електронски комуникации ги објави најновите податоци за уделот на мобилните оператори на пазарот на мобилна телефонија по број на активни претплатници (состојба на 31.03.2019 година).

Според нив, „А1 Македонија“ учествува со 49,44%, „Македонски Телеком“ учествува со 48,27%, „Лајкамобајл“ има пазарен удел од 2,08% додека „Роби“ има пазарен удел од 0,20% во вкупниот број на активни претплатници кои во последните три месеци предизвикале на некој начин електронски комуникациски настан.  

Во документот на АЕК може да се види учеството на мобилните оператори пооделно за вториот, третиот и четвртиот квартал од 2018 година и за првиот квартал од 2019 година.

„Може да се забележи дека за период од четири квартали „Македонски Телеком“ бележи раст од 0,72 процентуални поени, „А1 Македонија“ бележи пад од 0,77 процентуални поени додека „Лајкамобајл“ бележи пад од 0,16 процентуални поени за период од четири квартали. Операторот ТРД Роби започна со нудење на своите услуги од четвртиот квартал од 2018 година и неговиот пазарен удел е незначителен“, се вели во извештајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува трендот на намален природен прираст на населението во Македонија

Редакција

Вкупно 3.473: Од Ковид-19 починаа 25 лица

Редакција

Лични документи можат да се подигнат и утре

Редакција