Во петок (27. октомври) Палма Мол во Тетово ќе отвори нов, ексклузивен дел, кој се простира на 77.000 м2 од кои 38.000 м2 се изнајмени квадратури за клиенти, а 22.000 м2 се внатрешен паркинг простор на 2 нивоа под нула, информираа од таму.
-За најмладите и најмилите предвидено е специјалнен простор на огромна површина, тоа е Фан зоната, еден нов концепт на забава, игри, скокање, качување, летање, лизгање, друштвено натпреварување… на површина од 2.200 м2, амбиент специјално дизајниран од архитекти во соработка со медицински лица, каде што воздухот ќе се обработува и филтрира преку 3 рекуператори, велат од таму.
Новини ќе има и во делот на фуд корнерот и угостителството.
-Веќе се присутни Емпориум а-ла карт ресторант, Собрание сошл клаб лаунџ бар, КФЦ, Бургер кинг, Уста донер, Збаро, Мерак грил, Помодоро фуд, Донер кинг, Шатци сендвичари, Мон шери јами јогурт, а за идната година исто така се најавуваат многу познати светски брендови.
Обезбеден е бесплатен паркинг за сите посетители на Палма мол – 1.100 внатрешни паркинг места и 350 надворешни паркинг места, велат од таму.
Во Палма мол има 150 дуќани и брендови, од кои дури 75% се интернационални светски брендови – ЛПП групација, Ризрвд, Синси, Мохито, Кроп, Хаус, Де Факто, Бургер кинг, Уста донер, Збаро, Нептун, Хомакс, Беџети премиум, Опен, Ени свитс со најнов уникатен концепт, АЈКОС стор, А1 стор, Кајра Вомен, Фанзон – ворлд оф фан, Саат Ве Саат, Том Тејлор со најнов концепт, Каубој кенди.
-За идната година веќе се обезбедени предоговори со нови светски брендови кои за прв пат ќе се појават на македонскиот пазар, велат од таму.
Тука се и ДМ, Рамстор супермаркет, ЈИСК, Комодита, Мадам КОКО, ЛЦ Вајкики, Парфоа, Сфаровски, Пандора, Баз, Спорт вижн, Спорт риалити, спорт-м, кемофармаци, Џокс премиум, Тудорс, Сара Фешн, Пенти, Пизеро, Зухре, Шатци парфимерии, МајТајм, Идеал Хоум, ФЛО, Пекон бејкери, Емпориум, Офис Плус, Мис Спајс.
Палма мол има 1.600 вработени.