еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Пановски: Имаме некој колективен имунитет, но тоа не значи дека вирусот ќе го нема

Тие што имаат антитела, многу поретко имаат потешка клиничка слика. Голем дел од населението го прележале вирусот, вели д-р Никола Пановски, за Студио 10 на ТВ24.

„Прележан човек многу ретко починува. Мојот податок е дека 15 луѓе починале од почетокот на пандемијата, а претходно го прележале вирусот. Бројот на вакцинираните не го кажуваат. Тоа не значи дека вакцините не штитат.

Имаме сега една добра бројка од заштитени луѓе. Не е битен процентот, туку која категорија е заштитена. Сето тоа е оптимистички“, вели Пановски.

Докторот е со став дека сме го постигнале принудниот имунитет, пред се кај младите.

“Имаме некој колективен имунитет, кој мора да е комбинација од прележаност и вакцина, кој нема да значи дека ќе го нема вирусот. За Македонија подносливо е ова што е сега, да не е над 200 дневно и мал број на хоспитализирани. Да не е бројот на хоспитализирани и на починати на дневно ниво над 5“, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Маските во јавен превоз и продавници треба да се укинат последни, а во училиштата постепено

Доктор Даниловски: Пандемијава ни ја тресна в очи вистината дека сме живееле во општества-холограми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Нехар турс“ ги откажa планираните туристички тури во Италија

Редакција

Во сообраќајни несреќи лани загинале 125 лица

Редакција

Од утре нестабилно и посвежо, со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Редакција