еМагазин
Image default
Локално

Парно добија најголем дел од потрошувачите во Кисела Вода, дефектот е саниран, велат од ЕСМ

Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина во тек на вчерашниот ден во најкраток рок го локализираа дефектот на дистрибутивната топловодна мрежа во населбата Кисела Вода, информираат од компанијата.

„По локализирање на дефектот, утрово повторно е воспоставена нормална испорака на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода.

Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина и денес се на терен и интензиво работат на  санација на дефектот, со цел истиот да биде саниран во најкус можен рок.

Во попладневните часови во тек на вчерашниот ден, поради високите надворешни температури не се вршеше испорака на топлиснка енергија,“ се вели во соопштението.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и  075400100.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акција на МВР откри „руски рулет“ во јавниот превоз

Редакција

Со метларка прегазил пешак на кружен тек во Скопје

Редакција

Измамен Охриѓанец: Дал капар од милиони денари за куќа во Германија што никогаш не ја видел

Редакција