Од 1 јануари патарините во Грција ќе поскапат драстично, некаде и до 150 отсто по километар, известува грчкиот весник „ИЕфимерида“, а пренесува „Мета.мк“.
Ќе поскапи и најкористената патарина од Македонците – онаа по граничниот премин „Богородица – Евзони“, на која наместо досегашните 1,8 евра, ќе се плаќа по 3 евра за автомобил.
На автопатот „Егнатија“, кој се протега од јонскиот брег сè до границата со Турција, како што се најавуваше уште летоска, патарините ќе поскапат драстично, според договорот на грчката влада со концесионерите.
Воведена е нова пресметка – по километар, и грубо кажано, од 3 центи, како што беше во најголем дел досега, новите патарини за автомобилите ќе поскапат меѓу 0,03 до 0,05 евра по километар, што е просечно зголемување за 66 отсто.
Но на некои патарини, зголемувањето достигнува и до 150 отсто. На пример за отсечка од 59,7 километри, за која до сега се плаќало од 1,2 евра патарината ќе се зголеми на 2,98 евра.
Дополнително, покрај сега познатите патарини, ќе се воведат уште 43 излезни наплатни рампи.
На излезот кај Аспровалта ќе се плаќаат 1,42 евра, а излезот за Кавала ќе се плаќаат 2,36 евра.
На наплатната рампа Тириа, меѓу Игуменица и Јанина, наместо досегашните 2,10 евра, отсега ќе се плаќаат 3,42 евра.
На вертикалните исклучоци кај Јеропиги ќе се плаќаат 2,36 евра, а на наплатната рампа што најмногу ги засега Македонците, онаа близу „Евзони“ патарината од досегашните 1,8 евра е зголемена на 3 евра.
На наплатната рампа Промахона патарината е непроменета – 2,4 евра.
Мета