еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Павле Трајанов предлага реизбор на сите судии: Дојдовте на власт со паролата „Нема правда, нема мир“, а од правда ниту првата буква

Пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов на денешната пленарна седница во Собранието, зборувајќи за развојната и реформска компонента на Буџетот, меѓу другото посочи дека „не можат да се препознаат развојните проекции на Буџетот, бидејќи со истиот се предвидува над 7 проценти инфлација, дефицит од над 4 посто и без стратегија за капиталните инвестиции, нивно менаџирање и контрола.“

„Не можеме да ги препознаеме реформите во јавната администрација која станува се погломазна, неефикасна и слабо платена. Може да се почне реформите со укинување на 32 директорски места за економски работи во Клиничкиот чекор.

Со измените во фискалната политика, нема механизам за намалување на сивата економија ниту најава за воспоставување на ефикасен систем за борба против корупцијата, посебно како да се спречи огромната кражба на средства од буџетите на општините и државата, преку наместените јавни набавки или како да се департизираат институциите,“ рече Трајанов.

Во однос на владеењето на правото, тој истакна дека мора да биде приоритет на Владата, а тоа не е.

„Ако имаме некредибилен судски систем, кој е под целосна контрола на политичките партии, власта, тогаш нема да бидат министрите изненадени, разочарани од последните судски одлуки за Трезор и Таргет-Тврдина, туку ќе предложат и ќе преземат конкредни решенија.

Предлагам, Владата да подготви закон или закони, со кои во текот на година дена ќе им престане мандатот на сите судии, од основните судии, па се до Врховниот суд и во тој период за секој судија да се спроведе постапка за ревизија на неговата работа, имотната состојба и постапка за реизбор.

Професионалните, чесните и некомпромитираните да продолжат да бидат судии, а другите да понесат одговорност. Тоа би бил конкретен придонес а не да се замајува јавноста со изјавите дека судиите треба да бидат засрамени, каква хипокризија е тоа.

Последните судски одлуки се резултат на корумпиран политичко судски пазар, а не самостојни одлуки на судиите.

Предлог законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка и покрај поддршката од надлежните комисии, го блокирате и не дозволувате фер судење, за да се види одговорноста на политичкиот врв, обвинителите и судиите, во над 200 монтираните судски процеси. Дојдовте на власт со паролата, „Нема правда, нема мир“, а од правда ниту првата буква,“ додаде Трајанов.

На крај, тој посочи дека Буџетот го донесува Парламентот, но Владата мора да има инструменти за контрола како се трошат парите на граѓаните и за тие што ги кршат правилата да има автономен систем за одговорност.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бирократско вртење во круг: Леонид засега останува без државна помош за лекувањето во Виена

Редакција

Се јави Груевски: Јанакиески е уценет, приклештен и принуден да дава лажни изјави против мене

Редакција

404 лица починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција