еМагазин
Image default
Бизнис

„Пелистерка“ донесе одлука доброволно да ги намали цените на своите производи за 10 отсто

Согласно повикот на Владата компаниите кои не се опфатени со најновите мерки за намалување на цените на прехранбени производи да покажат општествена одговорност и доброволно да извршат намалување на цените на своите производи, Пелистерка АД Скопје донесе одлука да ја поевтини целата своја палета производи за 10%, информираат од таму.

„Како општествено одговорна компанија решивме доброволно да се приклучиме во мерките на Владата и да ги намалиме цените на нашите производи за 10%. Со овие мерки Владата очекува да се намали ценовниот удар врз населението предизвикан од порастот на цените на производите, а како последица на глобалните економски состојби и истовремено да се влијае на намалување на инфлацијата во наредниот период.

Оттаму и ние во Пелистерка, како силен бренд чии производи се омилени кај населението, решивме да се приклучиме кон мерките на Владата бидејќи нејзините ефекти се за добробитта на нашите потрошувачи, економијата и државата во целина“, велат од Пелистерка.

Со намалувањето на цените за 10% ќе бидат опфатени сите производи на компанијата, односно палетата од сегментот води под брендот Пелистерка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Основната каматна стапка се намалува за 0,25 п.п, и сега изнесува 6,05%

Редакција

Драстичен пораст: НЛБ Банка запленила имот вреден над три милиони евра

Редакција

Се најавува побрза достава и поголем праг за царинење на онлајн пратки

Редакција