еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски: Бегството на Мијалков ги дискредитира напорите за справување со криминалот и високата корупција

Претседателот Стево Пендаровски во врска со бегството на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков ги повикува сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за негов притвор.

-Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната држава.

Ова ги дискредитира напорите и надежите за справување со криминалот и високата корупција, потенцира претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, очекува надлежните институции во најкус можен рок да спроведат истрага за целосно расветлување на случајот и доколку бидат констатирани какви било пропусти од страна на надлежните институции да биде преземена одговорност.

-Граѓаните бараат одговорност, и кривична и морална. Борбата за правна држава значи секој кој се огрешил пред законот да биде казнет, порачува претседателот Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство се сомнева дека некој му дојавил на Мијалков за притворот

(Фото) Сашо Мијалков „во друштво“ на братучедот Груевски меѓу бегалците на сајтот на МВР

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Македонија на нозе со поддршка за Денис Јанкуловски Космонаутко

Редакција

Во изминатите 24 часа 391 казна за неносење маски

Редакција

Средба Османи-Фархан Ал Сауд: Голем потенцијал за директни инвестиции во земјава, како и пласман на земјоделските производи

Редакција