еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски-Фон дер Лејен: Македонија очекува помош од ЕК во справувањето со енергетската криза

Актуелната енергетска криза и текот на скрининг процесот, како важна фаза во пристапните преговори за членство на земјава во Европската Унија, беа главни теми на денешната средба на шефот на државата Стево Пендаровски со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен во Софија.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски изрази очекување за помош од Европската комисија во контекст на европската солидарност во справувањето со енергетската криза.

Во однос на во пристапните преговори за членство Пендаровски истакна дека земјава е подготвена да ги направи потребните реформи во клучните области, како дел од процесот за пристапување кон ЕУ.

Пендаровски и Фон дер Лајен денеска во Софија присуствуваат на церемонијата по повод почетокот на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ).

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставни измени: Дали притворот на Мијалков е причината за немирот на Али Ахмети?

Редакција

Кина загрижена поради ескалацијата на ситуацијата во Украина

Редакција

Собранието ги избра новите заменици министри

Редакција