Претседателот Стево Пендаровски на Економскиот форум во Давос имал куса средба со неговиот српски колега Александар Вучиќ, на која ја поздравиле одлуката на СПЦ за прифаќање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.
– Со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ на кратка средба во Давос заеднички ја поздравивме одлуката на СПЦ за прифаќање на автокефалноста на МПЦ – ОА, како чекор во вистинска насока, објави претседателот Пендаровски на својата Фејсбук страница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Испишана историја: СПЦ ја призна афтокефалноста на МПЦ-ОА
Пендаровски ќе ја преставува Македонија на Светскиот економски форум во Давос
Фото: Кабинет на претседателот
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.