Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 15 до 21 ноември покажуваат дека се пријавени 91 смртен случај од Ковид-19 во 21 град, во однос на 87 смртни завршетоци во 23 градови во претходната недела.
“Најголем дел од нив се од Скопје (23).
Во однос на возраста, најголем број (n=81; 89,0%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (5), 40-49 години (3) и 30-39 години (2)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Раст од 36,1%: Минатата недела 49 лица по втор пат заболеле од Ковид-19
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.