еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Петличковски и Мехмедовиќ ги објаснуваат симптомите на новата варијанта на омикрон, XE

Во врска со новата подваријанта на омикрон XE, д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести (КЗБ), на денешната прес конференција рече дека во моментов не треба да не загрижува воопшто, затоа што се работи за варијанта на повторно благи симптоми, доминантноста не е оди така како со омикронот, ништо различно од тоа што веќе е присутно.

– Тоа е еден хибрид помеѓу омикрон варијантите БА1 и БА2, значи веќе видени симптоми, начин на пренос се знае дека е високопренослива, но не ги потиснува веќе постоечките варијанти со таква прогресија како што тоа го направи омикронот и затоа во моментов не е за загрижување, посочи д-р Петличковски.

Д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ рече дека не е првпат да има хибридни варијанти кои ги имало секогаш кога ќе се појави нов сој.

– Комбинацијата помеѓу двете варијанти создаваше такви хибридни варијанти. Многу е мала концентрацијата односно дисеминацијата на тие хибридни варијанти. Се сеќавате дека имавме делта хибридна варијанта кога беа присутни и делтата и омикронот.

Во моментот кога ќе се изгуби присуството на едната варијанта и кога ќе остане само една единствена варијанта тогаш веќе хибридната варијанта се губи. Така што не е ова првпат да имаме случај на појава на хибридна варијанта во текот на пандемијата.

Практично, преминувањето од една до друга варијанта кога ги имавме и алфата, и делтата и омикронот се случуваа такви хибридни варијанти и тоа не е нешто што е проблем, така што нема сега во моментов апсолутно никаква причина за загриженост, истакна д-р Мехмедовиќ.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Израел ја срамнува Газа со земја, сателитски снимки

Редакција

Детален список на добитници на ваучери за купување на клими

Редакција

Изградбата на првите два километри од автопатот Скопје-Блаце, доцни заради проблеми со експропријацијата

Редакција