еМагазин
Image default
Македонија

Петмина полицајци претепани од дрвокрадци, едниот со потешки повреди

Во Општата болница во Велес синоќа се донесени петмина полициски службеници кои биле нападнати од дрвократци во атарот на селото Степанци. Еден од нив имал тешки повреди на главата и по укажаната прва помош, околу 22 часот е итно пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Двајца од полициските службеници се пуштени дома, а двајца се задржани на Хуруршкото одделение во Општата болница во Велес.

– Еден од нив кој имал повреди од дрвена палка во стомакот синоќа се пожалил на болка и испратен е на Интензивна нега во Хируршкото одделение при Велешката болница и сега е во стабилна состојба, изјави за МИА д-р Весна Неделковска-Николовапортпарол на Општата болница во Велес.

Инцидентот се случил синоќа околу 20 часот на стариот пат с.Извор – Прилеп, во атарот на село Степанци кога група дрвокрадци ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека досега се приведени четири лица.

– Се работи на расчистување на случајот, изави Додевски. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Балканската рута уште функционира: За пет дена откриени 121 мигрант на граничната линија кај Лојане

Редакција

Отсуството на судијата Ставрев го одложи „Топлик“

Редакција

Борисов: Заев да не поднесува оставка, ништо не е завршено, туку е одложено

Редакција