Повеќе корисници на социјалните мрежи утрово споделија видео на кое се гледа како двајца млади мажи во Штип во влез на стамбена зграда тепаат девојка.
За овој настан се огласи заменичката министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска која на Фејсбук објави дека лицата се веќе приведени.
Таа претходно објави дека на социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство.
„Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи. Најстроги санкции за ваквото нечовечко однесување“, соопшти Петровска.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.