Тукушто стигна информација дека платата за вработените во културата ќе биде пуштена денеска, информираше актерката Сања Арсовска на нејзиниот фејсбук-профил.
„Изминатиов период беше тежок за сите инволвирани во нивелацијата, како и за сите вработени чии плати доцнеа две недели. И покрај сите препреки и проблеми, на крај сè излезе како што треба.
Честито нови 1.600.000 евра во буџетот за плати за вработените во културата. Не за малиот нокт на Александар Македонски на плоштад, не за опашката на коњот во фонтаната кај Карпошово, туку во плати на живи луѓе, на директните чинители во создавањето и чувањето на уметноста и културата“, напиша Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради нивелацијата доцнат платите за културните работници?
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.