еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) „Плати со поезија“ по петти пат го разубави Скопје

На 21-ви март, Светскиот ден на позијата, секоја година светот цути под значајноста на стиховите. Но, под водството на поетите од Македонија, Скопје и сите кои пиеја кафе го направија невозможното и го обвиткаа градот со позитивни чувства благодарение на акцијата „Плати со поезија“ на Јилиус Мајнл.

Во осум локали, и тоа „Ревија“, „Паладиум“, „Фонтана“, „Дион“, „Центар бар“, „Бекјард“, „Ла кафе“ и „Сквер 21“, посетителите можат да го платат своето кафе со песна или поема. Тие добиваат пенкало и лист чие белило треба да биде исполнето од инспирацијата која ја носи кафето на Јулиус Мајнл.

Воедно, тие беа охрабрени да ги остават и своите телефони, да се свртат околу себе да уживаат во животот и кафето.

Оваа акција моментално се реализира во 40 држави од страна на Јулиус Мајнл, но Македонија е една од ретките во која најголемата поддршка доаѓа од самите поети и писатели.

Драгана Ефтимова, Наим Иљази, Стефан Марковски, Ксенија Николова, Љубица Шопова, Ирена Јурчева, Искра Донева, Јован Илиески, Слаѓана Атанасова, Исток Улчар, Наталија Наумовска, Перо Сарџоски, Арлинда Бафтиу, Катерина Гогова, Виолета Сековска, Славица Гаџова Свидерска, Михајло Свидерски и Никодин Чернодримски се тие кои што ги водат сите кон пишаниот збор, мотивирајќи ги да ги исполнат своите животи со стихови и проза, убавини и среќа.

За тие кои сакаат да ги посетат сите локали може да ја погледнат и официјалната мапа ОВДЕ.

Секој кој има барем мал афинитет кон поезијата и кој сака да се запознае со Том Одел на неговиот концерт во Глазгов на 1ви јуни 2019, треба да напише кратка песна, да ја фотографира и да ја објави на својот Инстаграм профил со хаштагот #PayWithAPoem.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Браво: Доставени првите 300 заштитни маски со визири за медицинските работници

Редакција

Нова ски-патека во Маврово, награда за „кумот“ кој ќе предложи име на патеката

Редакција

Реконструкцијата на Универзална сала готова во 2021 година

Редакција