еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По 15 месеци во затвор, Боки 13 оди во домашен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на осудениот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, со што ја укина мерката притвор и му определи мерка куќен притвор.

Тој беше во затворот во Шуто Оризари околу 15 месеци.

„Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б. Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19, во јавноста познат како ‘Рекет’, изјавена преку неговиот бранител, се уважува.

Решението на првостепениот суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор кон обвинетиот Б. Ј. и се определува мерка куќен притвор“, соопшти Кривичниот суд.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитриевски до Ковачевски: Дали нашата цена за влез во Европската Унија ќе биде откажување од македонската држава!?

Редакција

Компаниите од Македонија на удар: Германските производители на автомобили стопираат со производството

Редакција

Новозаразените со Ковид-19 во штипскиот регион се контакти на работници од две конфекции

Редакција