Илјадници прашања и дилеми отвори бегството на екс-премиерот Никола Груевски во Унгарија, каде, како што самиот најави преку неговиот Фејсбук-профил, ќе бара политички азил.
Освен главното прашање како е можно Груевски да избега пред очите на МВР и другите надлежни институции, сега се наметнува и дилемата дали тој ќе продолжи да ја зема пратеничката плата.
Иако власта неодамна бараше од Собранието да му го одземе пратничкиот мандат на Груевски, таа не успеа да обезбеди дво-третинско мнозинство гласови и тој успеа да го задржи мандатот.
Тоа значи дека по сила на закон, Груевски останува пратеник и ќе продолжи да ја зема платата од Собранието.
Со други зборови, тој како бегалец со парите на граѓаните ќе престојува во Унгарија.
Фото:Фејсбук/Никола Груевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски останува пратеник: Собранието не му го одзеде мандатот
Груевски се јави на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил
Фото: Фејсбук/Груевски