еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

По Холандија и Канада и Нов Зеланд ќе ја легализира еутаназијата

Граѓаните на Нов Зеланд изгласаа легализација на еутаназијата, покажуваат денеска објавените прелиминарни резултати од референдумот што се одржа во средината на октомври.

Според првичните резултати 65,2 отсто од граѓаните го поддржаа Законот за еутаназија, со кој им се овозможува на смртно болните луѓе, кои немаат повеќе од шест месеци живот да умрат со асистенција, ако тоа го одобрат двајца лекари.

Предвидено е Законот да стапи во сила во ноември 2021 година.

Закон за еутаназија имаат Канада и Холандија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

Редакција

М.Г. Фешн купи нови акции на Македонијатурист

Редакција

Која е Елизабета Дуковска, која е избрана за судија во Уставниот суд

Редакција