еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

По кој пат излажаа за новиот автопат Миладиновци -Штип и зошто имаат потреба од тоа

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески пред неколку дена најави дека до крајот на оваа недела ќе се отвори автопатот Миладиновци-Штип. Пуштањето во употреба на овој автопат беше најавувано неколку пати, иако се уште не беше готов.

И како неколку пати до сега, крајот на неделата дојде, а автопатот се уште не е отворен.

На автопатот сè уште се работи. Коловозните ленти се подготвени, обележани, има сообраќајни знаци, но попатно на две места можат да се забележат работни машини и неколку работници, кои работат на десната страна од патот.

Недостасува заштитна мрежа, а околните ридови на места изгледаат дека не се до крај доведени во ред, за да не предизвикаат свлечиште при поинтензивен дожд.

Имајќи предвид дека оваа состојба ја увидуваат граѓаните кои патуваат, дали надлежните не знаат каква е состојбата на терен, па да дадат реална проценка кога се би било завршено или пак давањето лажна надеж им е во опис на работните позиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автопатот Миладиновци-Штип ќе биде пуштен неделава

Фото: Министерство за транспорт и врски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комерцијална банка заинтересирана за купување на Еуростандард банка

Редакција

Во текстилниот сектор лани без работа останале 6.783 лица

Редакција

Министерството за економија вработува, плата до 37.631 денар

Редакција