еМагазин
Image default
Балкан

По Лерин, и до граѓаните на Кукуш се апелира да ги ограничат патувањата во Македонија

Повик до жителите на регионалната единица Кукуш (Килкис) да ги прекинат или да ги сведат на минимум патувањата во Северна Македонија, испраќа заменик- префектот Андреас Вергидис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во писмената изјава, но и говорејќи за грчката телевизија „Мега“, ја изразува неговата загриженост за зголемениот број случаи на Ковид-19, како на Балканот, така и во нашата земја и ја истакнува потребата да се спроведат одредени мерки или контроли на грчката страна од двата гранични премини Дојран и Евзони за жителите на пограничните делови кои често патуваат во Северна Македонија.

-Грција не дозволува влез во земјата за државјани на Северна Македонија поради големото ширење на вирусот, меѓутоа, жителите не само на регионалната единица Килкис, туку и од соседните региони, заминуваат на кратки посети во соседната земја, главно во градовите блиску до границата, факт што ги предупредува надлежните дека може да има увезување на вирусот, вели Вергидис.

Со ист повик, минатата седмица, како што објави МИА, излезе и градоначалникот на Лерин (Флорина) кој побара од жителите на општината, патувањата кај нас да ги сведат на минимум, само доколку е неопходно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Лерин им препорачува на неговите сограѓани да ги ограничат патувањата во Македонија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Апокалиптично невреме во Хрватска: Искорнати дрвја, кровови..

Редакција

Хрватскиот Сабор се самораспушти, избори кон крајот на јуни или почетокот на јули

Редакција

На Света Гора од Ковид-19 починале најмалку 40 монаси, пишува грчка „Та неа“

Редакција