По најавите за екстремно високи температури кои ќе го зафатат градот Скопје и околината, 30 обучени волонтери со возила на Црвениот крст ќе бидат на терен и ќе патролираат на најфекфентните локации во градот – автобуски постојки, амбуланти, пазари… во текот на работните денови во периодот од 21 до 28 јули.
На овие локации, како што информираат од Црвениот крат на Град Скопје, преку директен контакт со населението, ќе дистрибуираат информативни материјали/флаери со совети за заштита од топлотен бран, совети за консумирање и приготвување храна и препораки за консумирање вода.
– Тимовите ќе делат шишиња вода, а по потреба ќе вршат мерење на крвниот притисок на граѓани кои ќе се пожалат на здравствени проблеми. Сите граѓани ќе добијат совети за начините за превенција од високите температури.
Во интервентни случаи, доколу се забележи посериозен здравствен проблем, тимовите ќе врашат транспорт до најблиската здравствена установа, или пак до домот на лицето кое има потреба од терапија во домашни услови, велат од Црвениот крст на Град Скопје.
Оттаму информираат и дека во насока на грижата за здравствената и психофизичката состојба на бездомниците во градот Скопје, како една од најранливите категории граѓани, во пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин Поток на располагање е мобилниот телефон 071/223-972 за дојави од граѓани за бездомници кои се погодени од топлотниот бран.
Мобилните екипи, кои се достапни и кои функционираат при екстремно високите температури, се составени од доктор и парамедик, ќе им пружат помош и поддршка на бездомниците со дистрибуирање на вода, мерење на крвен притисок, а за потешките и интервентни случаи ќе биде обезбеден и транспорт.
Активностите на ова поле, велат од Црвениот крст, се поддржани од Град Скопје.
Во текот на летниот период, информативните флаери изработени од Црвен крст на РСМ со совети и препораки за заштита од топлотен бран како и флаери со совети за избегнување на несакани пожари и превенција од истите се дистрибуираат и преку припадниците на Граничната Полиција кои во текот на летниот период спроведуват превентивни активности /акција „Безбедно лето 2022“ со цел информирање на граѓаните и странци кои патуваат и транзитираат низ нашата држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од четврток топол бран, температури над 40 степени
Фото: Унсплеш