Начелното правно мислење на Врховниот суд дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) не смеело да отвора нови случаи по истекот на рокот од 18 месеци, (како што е предвидено во Законот за СЈО во член 22), предизвика лавина од негативни реакции во јавноста.
Најмногу реакции има во делот дали Врховниот суд може да даде такво мислење.
Изминатиов период СЈО отвори неколку истраги и предистраги, кои сега се спорни, а истите може да ги преземат другите обвинителства, но во моментов е нејасно дали „бомбите“ ќе можат да бидат докази, ако тоа се случи.
За да ги преземат овие случаи другите обвинителства, тоа треба да биде побарано од СЈО, а истите може да “паднат„, да останат без епилог или да не стигнат до обвиненија.
За кои случаи се работи?
Во прашање е судбината на повеќе истраги и предистраги на СЈО со кои се опфатени актуелни и поранешни државни и партиски функционери и бизнисмени, меѓу кои се и лидерот на ДУИ, Али Ахмети („Попис“, заедно со поранешниот премиер Никола Груевски), неговиот партиски колега Бујар Османи, актуелен вицепремиер за европски прашања („Пациент„), бизнисменот Орце Камчев и поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков („Империја„), Груевски („Актор“), Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ („Моќник„), поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева („Друмарина“), поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров („Рентген“)… ,а во прашање се доведува и судбината и на “Талир“ (Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески…), како и на една од најголемите предистраги на СЈО за мега проектот „Скопје 2014„.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Врховен суд го „погреба“ СЈО: Не смеело да отвора истраги по рокот од 18 месеци