еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По попладневното невреме, активни неколку пожари предизвикани од гром

Центарот за упрваување со кризи (ЦУК) информира за неколку пожари вечерва предизвикани од гром.

Во кумановско кај Кока гори сува трева, с.Проевце, а кај Ловечки дом гори борова шума. Пожарите се предизвикани од удар на гром.

Во кичевското село Туин гори сува трева и нискостеблеста шума.

Помаѓу селата Голозинци и Лисиче, Општина Чашка, кај Велес, гори сува трева и нискостеблеста шума.

Екипите се излезени на терен и интервенираат во нивното гаснење. И овој пожар е предизвикан од удар од гром, наведуваат од ЦУК.

Попладнево делови од државата беа зафатени од невреме.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се отворат ли летните тераси на рестораните и кафулињата: Утре истекуваат рестриктивните мерки

Редакција

Министерство за земјоделство склучи договор со Центар за водни технологии вреден 2 милиони евра

Редакција

Заев имал телефонски разговор со Ципрас

Редакција