еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По шест месеци од пожарот во модуларната болница во Тетово, Обвинителство е во фаза на анализирање на сите прибрани докази

Шест месеци по пожарот во модуларната ковид болница во Тетово во кој 14 лица го загубија животот, Обвинителството информира дека во тек е фаза на анализа на сите прибрани докази.

Според нивната информација, се уште е потребно да се работи на целосно утврдување на фактите во предметот за да се донесе одлука околу евентуална кривична одговорност.

– Во предметот во континуитет се преземаат дејствија во рамките на предистражна постапка со цел да се утврдат сите факти и околности. Во таа насока, беше наредено вештачење од МВР – Оддел за криминалистичко технички испитувања и вештачења (ОКТИВ) кое обвинителството веднаш го објави и кое се однесува на директните причини за самиот пожар. Беа наредени и извршени уште две вештачења – од Технолошкиот факултет и од стручно лице – електроинжинер, се вели во соопштението на Јавното oбвинителство.

Обвинителството во октомври 2021 објави дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој билe приклученi дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

Во тој период беше побарана помош во истрагата од експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција na Германија, чиј извештај дојде во јануари 2022 година.

– По меѓународна правна помош беше побарано вештачење од германските експерти, а пристигнатиот извештај, во поглед на директните причини за настанување на пожарот, не се разликува многу од она што го утврдија стручните лица од од МВР – Оддел за криминалистичко технички испитувања и вештачења (ОКТИВ). Сепак, сите извештаи се анализираат во корелација со останатите прибавени докази, како и со вербалните искази на сослушаните сведоци и други лица кои имаат сознанија за настанот. Анализата на сите прибрани докази е во тек. Јавните обвинители, по целосно утврдување на фактите во предметот, ќе донесат одлука за која јавноста веднаш ќе биде известена, се вели во известувањето на Јавното oбвинителство.

Пожарот во модуларната болница се случи на 8 септември 2021 при што животите ги загубија 14 луѓе. Во октомври имаше и граѓански марш од кој беше побарана одговорност за трагедијата.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува дипломатската офанзива: Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Сарацин во Скопје

Редакција

Препораки за топлотниот бран: Да се остане на затворено, повеќе течности и внимателност при исхраната

Редакција

Полицаец од Свети Николе доби кривична за лихварство

Редакција