еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина академик Георги Старделов

Во голема жалост ја споделуваме веста дека денес, на 90 годишна возраст почина академик Георги Старделов, еден од столбовите на македонската филозофска мисла и науката за убавото, објави Филозофскиот факултет – Скопје.

Академик Георги Старделов e роден во Гевгелија, на 28 август 1930 година.

Тој беше филозоф, естетичар, есеист, книжевен критичар, антологичар, теоретичар и историчар на културата.

Дипломирал на Филозофскиот факултет, на Катедрата за филозофија на Универзитетот во Белград (1953).

Докторирал филозофија на Универзитетот во Скопје (1965).

Беше професор на Филозофскиот факултет во Скопје (1966–1995), и негов декан (1975–1977), прв декан на интердисциплинарните студии по новинарство (1977–1981), претседател на Филозофското друштво на Македонија и на Југославија, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на македонскиот ПЕН центар.

Беше почесен член на Друштвото на уметници во Шпанската кралска академија и редовен член на Европската академија на науките и уметностите, како и професор гостин на неколку југословенски, европски и американски универзитети.

Фото: Фејсбук/Филозофски факултет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале седум лица во изминатото деноноќие

Редакција

Убава вест: 749 оздравени од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 2.009 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција