еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Почина фронтменот на легендарните „Продиџи“

Кит Флинт, пејачот на една од најпознатите музички групи во светот „Продиџи“ почина во својот дом во Есекс на 49 години, објави „Сан“.

Флинт бил пронајден мртов утрово по пријава во Брзата помош и полицијата дека има онесвестено лице во неговиот дом.

Случајот не се води како сомнителен.

„Продиџи“ се појавија во деведесетите години од минатиот век и направија тектонски поместувања во електронската музика по што станаа еден од најголемите британски бендови.

Во 1995 година, бендот одржа концерт за паметење во Скопје во рамките на Т-фестивал.

Видео/Фото: Yotube/Prodigy/Sasa Pavlovic/Prodigy.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителот Бубевски побара обвинетите во „Титаник 2“, меѓу кои и Мијалков и Тачи да бидат прогласени за виновни

Редакција

ГоДигитал ја започна програмата за меѓународна сертификација за консултанти за дигитална трансформација

Редакција

83 нови случаи на Ковид-19 од 700 тестирања, во Скопје 44

Редакција