На 27.08.2019 во 18,10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – с.Самоков, пред влезот за с.Ковче В.З.(46) од с.Растеш-Македонски Брод, управувајќи патничко моторно возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, информира МВР.
По незгодата возачот бил пренесен во Јавната здравствена установа – Македонски Брод, а оттаму во Општата болница – Прилеп, но при транспортот починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.