еМагазин
Image default
Локално

Почина жител на Неготино по превртување на трактор

На 08.10.2019 во 18.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во периодот од 17.00 до 17.30 часот, додека З.С.(45) од Неготино вршел земјоделски работи со трактор на нива во атарот на с.Тимјаник, неготинско, тракторот се превртел и З.С. починал, информира МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запалено возило во Битола

Редакција

Кај затвореник во Идризово пронајдени хероин и марихуана

Редакција

Филмска бркотница на Охридското езеро: Полицајци пукале за да запрат глисер

Редакција