Жители на Тетово утринава околу 6 часот и 35 минути на улица во населбата Горна Чаршија нашле мртов човек. Била повикана Итна медицинска помош, но лекарите констатирале дека човекот е починат.
-Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и било утврдено дека починатото лице е 62-годишниот М.К. од тетовска Шипковица, информираат од СВР Тетово.
Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид, а по наредба на Јавниот обвинител телото било предадено на семејството.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.