еМагазин
Image default
Македонија

Почна седницата за разрешување на Јанева: Присутни пратениците и на власта и на опозицијата

Собранието ја започна 112. седница со единствена точка на дневен ред разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор и осомничена за случајот „Рекет“.

На седницата присуствуваат пратеници и од владеачкото мнозинство и од опозицијата.

На 5 септември, Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши Јанева. Одлуката беше донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење.

На пленарната седница нема да се расправа за извештајот на Советот на ЈО, туку само за предлогот за разрешување. Одлуката се носи со двотретинско мнозинство и со т.н. Бадентерово гласање, а на крајот треба да ја потврди и Советот на обвинители.

Во материјалите поставени на веб-страницата на Собранието, а во врска со разрешувањето на Јанева, покрај заклучокот на Комисијата по кој пратениците треба да расправаат, се поставени и согласност од четирите политички партии со најголем број пратеници СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса на Албанците.

Јанева во моментов е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков крај на мандатот на Јанева: Ем притворена ем разрешена, а можеше да биде симболот на борбата против корупцијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германскиот Бундестаг усвои резолуција: Македонскиот јазик и култура ќе ја збогатат разноликоста на ЕУ

Редакција

(АУДИО) Руски комичари три пати разговарале со Заев преставувајќи му се како Порошенко и Столтенберг

Редакција

Нови 1.091 случај на Ковид-19 од 3.702 тестирања, 156 се реинфекции

Редакција