еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(АУДИО) Руски комичари три пати разговарале со Заев преставувајќи му се како Порошенко и Столтенберг

Македонскиот премиер Зоран Заев е најновата „жртва“ на познатите руски комичари Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров), кои во три телефонски разговори му се преставуваат како поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко, а во еден од овие разговори и како генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Првиот разговор е направен пред референдумот за името, кон крајот на август минатата година, вториот на почетокот на годинава и третиот пред претседателските избори во Украина, на кои Порошенко изгуби.

Заев со лажните Порошенко и Столтенберг зборува на различни теми: за престојниот референдум за името, за посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Македонија пред референдумот, за спорот помеѓу Косово и Србија, за односите на Македонија со Русија, за подршката на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов на Русија, за статусот на Македонската православна црква и нејзиното признавање од страна на српската и руската црква, за Договорот од Преспа, за односите со веќе бившиот премиер на Грција, Алексис Ципрас

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како руските комичари кои три пати разговарале со Заев ги наоѓаат телефонските броеви на светските политичари

(Аудио) „Жртви“ на руските комичари освен Заев биле и Макрон, Ердоган, Столтенберг…

Заев на „лажните“ Порошенко и Столтенберг им дал телефонски броеви од Вес Мичел и Рамуш Харадинај

Еуфорија на Твитер за местенката на Заев: „Кој знае колку стоел мирно до телефонот кога зборел со Столтенберг“

Фото/видео: Фејсбук/Вован/Лексус

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во штипската градинка „Астибо“ се вратија 12 деца кои беа во изолација

Редакција

Пандемијата со Ковид-19 се покажа како токсична по сексуалниот живот: Дали ќе останат трајни последици?

Редакција

Уште тројца вработени во грчката железница кривично се гонат за несреќата во Грција

Редакција