Бројот на сиромашни граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија во земјава во 2020 година изнесувал 451.900, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика.
Според Лаекенските индикатори за сиромаштија, стапката на сиромашни лица во 2020 година изнесувала 21,8 проценти.
Стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца е 20,7 проценти, стапката на сиромашни вработени лица е 7,9 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 7 проценти.
Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31,4 проценти.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.