еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети: Големи попусти и многу забава

Овој петок во Рамстор Мол се организира шопинг лудило и многу забава по повод Black Friday. За сите вас, обезбедивме големи попусти во сите продажни места кои ќе достигнат до 70%.

Шопинг лудилото на Black Friday, започнува на 25 ноември – петок и ќе трае до 27.11.2022 со што сите вие ќе можете да уживате во шопинг купувајќи ги вашите омилени парчиња на гардероба, накит, спортска опрема, обувки, аксесоари, книги, играчки и други производи намалени дури до 70%, како и да ги искористите големите намалувања до 50% во сите Рамстор маркети.

Покрај големите попусти, посетителите на Рамсторе Мол ќе може да уживаат во богатата програма  специјално организирана за овој настан која содржи многу музика со познати изведувачи, освежителни пијалоци и коктели, бројни акции и изненадувања од продажните објекти во Рамстор Мол, а на 26 Ноември во 14:00 часот бидете дел од претставата “Забава за сите генерации”, наменета за вашите најмили.

Подгответе се за добар шопинг и многу забава во Рамстор Мол од 25ти до 27ми ноември. Уживајте во Black Friday, искористете го овој поволен период да си купите се што ќе посакате по неверојатни  цени.

Ве очекуваме на уште едно незаборавно шопинг искуство, ве очекуваме во Рамстор Мол и во сите Рамстор маркети.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претстави на МНТ од денеска ќе можат да се гледаат и онлајн

Редакција

АСОМ исплати милион денари на дел од семејствата на настраданите кај Лaскарци, апел до останатите да ја контактираат асоцијацијата

Редакција

„Шумски животни“ тема на детските мултимедијални работилници на Skopje Design Week

Редакција