еМагазин
Image default
Локално

Полицајци со пукање смирувале масовна тепачка во Тетово

Предупредувачки курушуми во воздух и четири приведени лица, меѓу кои и двајца 17- годишни малолетници, се последиците по физичката пресметка на повеќе лица што ноќеска по полноќ се случила во таканареченото Ромско маало на улицата „29 Ноември“ во Тетово, информираа од СВР Тетово.

Според полициските податоци тепачката била пријавена половина час по полноќ од страна на 17-годишно машко лице, по што на местото веднаш биле испратени полициски службеници кои презеле соодветни мерки за расчистување на настанот.

Во знак на предупредување и за раздвојување на учесниците во тепачката тие испукале и неколку куршуми во воздух.

На местото биле лишени од слобода Р.К.(42) и С.К.(41) од Тетово, додека двајцата малолетници на возраст од 17 години, исто така од Тетово, по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница биле донесени во полициската станица во градот.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје санкционирани 401 возачи, од кои 110 за пречекорена брзина

Редакција

Крадец фатен за еден час по пријавена кражба во автомобил

Редакција

Детали од Обвинителството за групната тепачка во Кавадарци во која е убиен маж

Редакција