еМагазин
Image default
Локално

Полицајци спречиле крвав крај на тепачка во скопска кафеана

На 18.07.2020 во 05.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.К.(38) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот во угостителски објект на ул.„23 Октомври“, додека седел со двајца другари, физички бил нападнат од неколку лица, информира МВР.

Според пријавеното, лицата продолжиле со нападот надвор од објектот, при што едно од лицата се обидело да го нападне со остар предмет, но во тој момент дошла полиција и ги привела напаѓачите.

Во полициска станица на лицата З.К.(28), Д.Ј.(37) и А.Т.(38), сите од Скопје, сочинети им се записници за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетовчанец за време на полицискиот час со импровизирана направа предизвикал експлозија

Редакција

На битолчанец наместо вода во угостителски објект му било дадено корозивно средство

Редакција

Во Беровско Езеро се удави 14 годишно момче од Берово

Редакција