Тетовската полиција по допрен глас во јавноста го истражува случајот со тетовецот Ибин Емшиу, кој во трагедијата во тетовскиот ковид-центар ги загуби својот татко и брат.
Тој во сведочење за Дојче веле тврдеше дека во тетовскиот ковид-центар му барале пари за нега на брат му.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Тој рекол, за што е сочинета и службена белешка, дека немал директна закана по неговиот живот, туку дека по дадената изјава за медиум, на социјални мрежи наводно прочитал три коментари во врска со дадената изјава – да внимава што изјавува и дека може нешто да му се случи.
Покрај тоа, како што им кажал на полициските службеници денеска, на стакло од неговото возило на лист наводно подоцна му било напишано „Внимавај”. Но, не ги сочувал ниту коментарите од социјални мрежи, ниту листот“, велат од тетовската полиција за Дојче веле.
Тој, исто така, им рекол на полициските скужбеници дека нему никој не му барал пари во болницата, туку самоволно им дал на поединци од медицинскиот персонал, за „подобро да се грижеле за неговите најблиски“.
Но, Емшиу за Дојче веле реагира на ваквите наводи на полицијата.Тој тврди дека не го сменил исказот во полиција и дека останува на своето сведочење.
Фото: МЗ