еМагазин
Image default
Македонија

Полицијата поднесе кривична пријава против клубот „Аватар“ во Струмица, каде што се правеа журки без маски

Секторот за внатрешни работи Струмица подготви кривична пријава која ќе биде доставена до Основното јавно обвинителство Струмица против правно лице од Струмица и одговорно лице И.В. (45) кои сториле кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичен закон на Република Северна Македонија, соопштија денес од струмичката полиција.

Во соопштението се наведува дека на 18 јули на профил креиран на социјалната мрежа „Инстаграм“, кој го користи пријавениот правен субјект, било објавено дека истата вечер во нивни угостителски објект ќе настапуваат естраден уметник и музичка група.

-Од преземените мерки и обезбедените докази било утврдено дека правното и одговорно лице дозволиле во времето од 21:00 до 01:00 во објектот да се одржи настап на естрадниот уметник и музичката група, воедно дозволиле и присуство на неограничен број гости кои биле послужувани на шанк и стоечки маси, со што постапиле спротивно на Протоколот за отварање и работа на кафетериите, а кој протокол произлегува од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот, стои во соопштението на СВР-Струмица.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) По “журките“ без маски, пазарниот инспекторат го затвори ноќниот клуб „Аватар“ од Струмица

(Видео) „Журки“ без маски во струмичкиот клуб „Аватар“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измени на Изборниот законик по локалните избори

Редакција

Собраниската комисија смета дека нема потреба од автентично толкување на член 11 од Законот за помилување

Редакција

Хелсиншки комитет со реакција на говорот на омраза од страна на навивачките групи на плоштадот Македонија и социјалните мрежи

Редакција