еМагазин
Image default
Локално

Полицијата приведе лихвар од Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера околу 15:40 минути на ул.„Петре Прличко“ во Велес, го лишиле од слобода 44-годишниот велешанец А.С. поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

Тој бил лишен од слобода при земање обележани банкноти, а по претходна пријава на 33-годишен маж од Велес дека во периодот од мај 2020 до април 2021 година за земени 100 евра во денарска противвредност поради притисоци и закани на А.С. му вратил околу 30 илјади денари, а му побарувал уште 90 илјади денари како камата, информира портпаролот Верољуб Додевски.

Врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во домот на А.С. при што биле пронајдени и одземени четири мобилни телефони и документација (нотарски акти за недвижен имот и уплатници за трансфер на парични средства во износ од околу 4 милиони  денари).

Додевски информира дека лихварот е бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осумдесет и седумгодишен скопјанец го убил својот 59-годишен син

Редакција

38-годишен починат маж најден во внатрешноста на електричен трансформатор во Тетово

Редакција

Мешавината од кофеин и парацетамол „омилена дрога“ на скопските дилери

Редакција