еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Политиката на проширување на ЕУ е безбедносно прашање: Османи се сретна со Нуланд

Политиката на проширување на ЕУ е безбедносно прашање и оттука членството на регионот во Унијата е од суштинска важност за европската безбедност, рекол министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната средба со потсекретарот за политички прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, која се одржа на маргините на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС во Маракеш, Мароко, информираат од МНР.

Османи изразил благодарност за недвосмислената американска поддршка за нашите евроинтегративни процеси.

Како што информира МНР, во фокусот на разговорите било претстојното одржување на Стратешки дијалог меѓу Македонија и САД на 2 јуни во Вашингтон што, според МНР, е голем дипломатски успех и нов исчекор во билатералните односи меѓу двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија почнува стратешки дијалог со САД на 2 јуни

Македонија, дополнува МНР, е прва земја од Западен Балкан што одржува стратешки дијалог со САД, што говори за заемните заложби за унапредување соработката во сферите од интерес.

-Стратешкиот дијалог претставува потврда за силното сојузништво меѓу двете земји и надградување на долгогодишното стратешко партнерство. Воедно, тоа е израз на нашите заеднички заложби за зајакнување на врските и промовирање на споделените вредности за демократски развој и стабилност во регионот, кој претставува составен дел на евро-атлантската заедница, истакнал Османи.

На средбата била истакната потребата од зајакнато присуство на САД во нашите простори како гаранција за регионалната стабилност, што е особено значајно во контекст на актуелните безбедносни состојби.

Соговорниците размениле мислења и за состојбите во Украина, изразувајќи поддршка за земјата и солидарност со украинскиот народ, како и силна осуда за руската воена инвазија.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеникот Манојлоски напушти комисиска расправа, бидејќи полицајци му вршеле претрес кога одел накај Собранието

Редакција

Турците најбројни туристи во Охрид, присутни се и Шпанците

Редакција

СЈО бара притвор за Мијалков и за случајот „Империја“

Редакција