еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Понеделник е прогласен за ден на жалост во Косово, во знак на почит на жртвите од сообраќајната несреќа во Хрватска

Косовската претседателка Вјоса Османи го прогласи понеделник, 26 јули, за ден на жалост во државата, во знак на почит за граѓаните на Република Косово, кои го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово во Хрватска, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од претседателскиот кабинет исто така се наведува дека по несреќата, во која животот го загубија десетмина косовски печалбари во Германија, Османи ќе ја прекине посетата на Јапонија, каде што престојува по повод Олимписките игри, и утре ќе се врати во земјата.

Автобусот со косовски регистарски таблички, кој сообраќаше на релацијата Франкфурт – Приштина, утрово околу шест часот излета од патот и се преврте во близина на Славонски Брод, при што, според досегашниот биланс, загинаа девет патници и еден од двајцата возачи.

Во болницата во Славонски Брод се примени на лекување 44 повредени патници, од кои 15 потешко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) На момент заспал: Уапсен возачот на автобусот кој излета од автопатот во Хрватска, во несреќата загинаа десет лица

Голема трагедија: 10 лица загинаа во сообраќајка во која косовски автобус излета од автопат во Хрватска

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот за земјоделство Трипуновски стана татко, доби син

Редакција

Поскапувањето на „најевтиниот леб“ не е проблем за Владата, но ќе ги дотепа сиромашните

Редакција

Сергеј Самсоненко купи акции во Жито Полог, сега поседува 19,86% од акциите

Редакција