еМагазин
Image default
Македонија

Пообилни врнежи од снег, ниски температури и голомразица во наредните денови

Под влијание на студен и влажен бран утре попладне, во текот на ноќта, како и во четврток ќе има врнежи од снег, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјава.

Како што информира УХМР, насекаде ќе се формира нова снежна покривка на западот и југот околу 10 сантиметри, на планините и над 20 сантиметри, а најмала во североисточните делови, околу пет сантиметри.

Поради засилениот северен ветер можна е и појава на снежни наноси.

Во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег. Најсончево ќе биде во сабота . Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 489 случаи на Ковид-19 од 2.841 тестирања

Редакција

Сиљановска Давкова го потпиша указот на Законот за реорганизација на министерствата

Редакција

Специјалниот преставник на САД за Западен Балкан, Ескобар денеска во Скопје на средби со Пендаровски, Заев и Османи

Редакција